Muhammed Yasin Güngör
10 Октомври 2024•Ажурирај: 11 Октомври 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије денес соопшти дека ќе продолжи со хуманитарните активности во својот регион поради континуираните напади на Израел врз Појасот Газа и Либан, јавува Анадолу.
„Нашата земја ќе продолжи да им дава рака за помош на народите во регионот соочени со хуманитарната криза предизвикана од војната што ја шири Израел“, рече министерот за надворешни работи Хакан Фидан на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека Анкара ќе продолжи да ги презема сите неопходни чекори за заштита на своите граѓани во странство.
Турските поморски бродови успешно ги евакуираа турските државјани од Либан, истакна Фидан, додавајќи дека бродовите, исто така, доставиле помош до „братскиот либански народ“ пред да заминат за јужното турско пристаниште во Мерсин.
Операцијата, во која се вклучени бродовите „ТЏГ Бајрактар“ и „ТЏГ Санџактар“, се реализира во време кога Либан се соочува со масовни израелски воздушни напади врз, како што тврди Тел Авив, локации на Хезболах од 23 септември, поради кои се раселени 1,2 милиони луѓе.