Ekipa
13 Април 2024•Ажурирај: 15 Април 2024
КАРС (АА) - Популарните турски возови Источен експрес и Туристички источен експрес на ТЦДД Транспорт ги превезуваат своите патници по рута во времетраење од 25 часа, јавува Анадолу.
Тргнувајќи од Анкара и движејќи се по рутата Кириккале, Кајсери, Сивас, Ерзинџан и Ерзурум, долга 1.310 километри, возот стигнува до својата крајна дестинација во Карс, североисточна Туркије.
Железничката линија меѓу Анкара и Карс привлекува внимание особено за време на празникот Рамазан Бајрам на која се превезуваат патници од сите возрасти, а особено младите луѓе, љубителите на природата и фотографите.
По рутата во првите три месеци патувале 35.453 ентузијасти.