Aykut Yılmaz
17 Февруари 2023•Ажурирај: 18 Февруари 2023
КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Погребна молитва во отсуство по петочната молитва (џума намаз) се одржа за жртвите од земјотресот во Кахраманмараш, јавува Анадолу.
Во Кахраманмараш, епицентарот на земјотресот, меѓу урнатините се одржа погребната молитва во отсуство.
Голем број верници се собраа денеска во дворот на Џамијата „Ерзурумлуоглу“ во овој турски град за да се помолат за десетиците илјади жртви од земјотресот што минатата недела ја погоди јужна Туркије.
Беа испратени пораки за единство и солидарност.
Упатен е и апел до оние кои се во можност да ги отворат своите домови за оние кои останаа без нив.
„Да не заборавиме дека денеска е ден на солидарност и помош. Време е за добрина и самопожртвуваност“, порачано е денеска од Кахраманмараш.