Besar Ademi,Cuneyt Davut
08 Април 2016•Ажурирај: 09 Април 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Во еден шатор во бегалскиот камп во Идомени, каде се наоѓаат околу 12 илјади бегалци, група на десетици бегалци ја изврши петочната молитва, која ја предводеше имам (оџа), а по молитвата следуваше предавање за бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Џихад Демирли, кој е имам во грчкиот град Комотини, изјави за АА дека ова е иницијатива на муфтивство на Комотини, Министерството за образование и Министерството за верски прашања на Грција. Тој рече дека пред една недела, муфтивтвото на Комотини, исто така, обезбеди 20 тони храна за бегалците во кампот во Идомени.
Демирли нагласувајќи дека му претставува задоволство да ја изврши првата петочна молитва во овој камп и изрази надеж дека ќе се подобри состојбата на бегалците кои живеат во тешки услови.
"Се надевам дека ситуацијата на нашите браќа овде што е можно поскоро и на најдобар начин ќе се реши. Тоа не е во наши раце, но има овластени за ова. Грција е во економска криза, но и покрај тоа се обидува да им помогне на бегалците. Затоа се надевам дека Господ, како што вели во Куранот, во еден неочекуван момент одеднаш ќе отвори вратата за да излезат бегалците од оваа ситуација ", изјави Демирли.
Имамот Џихад Демирли, која во кампот беше придружуван од неговата сопруга, секој петок посетува различни кампови во Грција и ја извршува петочната молитва со бегалците, додека во Идомени ова е првата петочна молитва ја која ја предводи верско лице, имам.