Serdar Açıl
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА
Претседателот на Управата за верски работи на Турција (Дијанет), Али Ербаш, денес ја водеше петочната молитва (џума-намаз) во џамијата „Бештепе“ во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Петочната молитва е извршена со согласност со мерките и препораките на надлежните органи за состојбата со пандемијата на коронавирусот, односно бројот на верниците во џамијата беше ограничен, почитувајќи ја дистанцата од најмалку 2 метри меѓу верниците за време на петочната молитва.
Ербаш рече дека Република Турција трудољубиво работи за да ги заштити своите граѓани и нивното здравје во периодот на пандемијата на коронавирусот.
„Во овој период секој од нас има свои должности и одговорности, бидејќи сите сме должни да ги заштитиме како сопствените животи, така и животите на нашите најмили. Должни сме да го заштитиме своето здравје, кое е најголемиот благослов што ни е даден од Господ“, рече Ербаш.
Тој подвлече дека една од најважните должности во поглед на пандемијата на коронавирусот претставува почитувањето на предупредувањата и препораките на надлежните органи.
„Сите мораме да се потрудиме да не бидеме заразени, но исто така и да не бидеме преносители на заразата“, порача претседателот на Управата за верски работи на Турција, Али Ербаш.