Orhan Onur Gemici
31 Август 2022•Ажурирај: 01 Септември 2022
АНКАРА (АА) – Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала го погоди денеска Егејското Море во близина на познатото турско летувалиште Кушадаси, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за вонредни состојби на Република Туркије (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран на околу 18 километри од брегот на Кушадаси, во турската област Ајдин, на длабочина од 7 километри под тлото.
Засега нема информации за последици од земјотресот кој се почувствува и на други крајбрежни места.
Претходно денеска, во истиот регион беше почувстуван и од земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтер.