15 Август 2023•Ажурирај: 23 Август 2023
ЕДРЕНЕ (АА) - Во Едрене, Туркије, во тек е процесот на сушење на познатите чили пиперки „караагач“, кој се одвива паралелно со сезоната на берба, јавува Анадолу.
Од мај досега земјоделците се грижеа за пиперките што созреаја и дадоа плод во округот Караагач.
Бербата на ова подрачје продолжува, прво пиперките се нижат на конец, а потоа се сушат во сенка околу еден месец.
Секоја сезона се одгледуваат тони лути пиперчиња што по сушењето најчесто се пржат на масло и се служат со јагнешки црн дроб.
Производителот на пиперки Тунахан Уле оваа година одгледувал регистрирани пиперки на 97 хектари земја користејќи исто семе како неговите предци.
Првиот род пиперки, кој почна да се суши уште на 20 јули, ќе биде готов за употреба на 1 септември. Во текот на летото за сушење на пиперките се потребни еден и пол месец, а наесен три месеци.
Од еден тон свежи пиперки производителите имаат околу 70 килограми суви пиперки, а цената на еден килограм годинава е околу 900 лири (околу 1.880 денари).