Hikmet Temeş,Ulaş Güven
27 Април 2023•Ажурирај: 29 Април 2023
ХАКЌАРИ (АА) - Во округот Јуксекова во Хакќари, Туркије, тимовите работат на расчистување на патот каде што дебелината на снегот на одредени места достигнува и до седум метри, јавува Анадолу.
Во Хакќари, каде што зимите се остри, тимови на Управата за патишта и сообраќајна служба при посебната управа на областа продолжуваат со напорите за борба против снегот во пролет.
Тимовите пред пет дена почнаа со расчистување на снегот за да го отворат патот на подрачјето на Јуксекова.
Дебелината на снегот на одредени подрачја изнесува и до седум метри.