Hüseyin Demirci
20 Јануари 2024•Ажурирај: 21 Јануари 2024
КАРС (АА) - Руралните патишта, кои беа затворени поради снегот и снежната бура во округот Сарикамиш во турски Карс, полека се отвораат за сообраќај со помош на екипите кои напорно работат на терен, јавува Анадолу.
Дојде до пореметување на сообраќајот поради снежните врнежи и снежните виулици во подрачјето.
Екипите на терен се обидуваат да отстранат големи количества снег и на тој начин да ги направат патиштата проодни. Се продолжува со работа и во селата каде температурата на воздухот се спушти и до 15 степени под нулата, а висината на снегот на места достигнува и до 1,5 метар.