İlyas Kaçar,Hikmet Faruk Başer
13 Ноември 2022•Ажурирај: 13 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Експлозија од непозната причина одекна во подрачјето на Бејоглу, во турскиот град Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата се случи на улицата Истиклал, на Таксим. На терен се испратени голем број противпожарни, полициски и медицински екипи.
Експлозијата се слушна и во околните места, а на објавените снимки се гледа како граѓаните бегаат.
Полициски екипи презедоа високи безбедносни мерки.
- „Четири лица загинаа, 38 лица се повредени“-
Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, истакна дека во експлозијата загинале најмалку четири лица, додека 38 се повредени.
„Ранетите се на лекување“, соопшти Јерликаја преку Твитер.
Тој истакна дека експлозијата се случила околу 16:20 часот по локално време, по што на местото на настанот се испратени полициски службеници и итната медицинска помош. Причината за експлозијата не е позната.