Турција

Телевизиска дебата на двајцата кандидати за градоначалник на Истанбул

„Доколку моите гласови се запишани кај кандидатот на ЏХП (опозициската Републиканска народна партија) или друг кандитат, тоа е кражба. Нема друго објаснување за тоа“

Beyza Binnur Dönmez  | 16.06.2019 - Обновена : 17.06.2019
Телевизиска дебата на двајцата кандидати за градоначалник на Истанбул

АНКАРА (АА) - Двајцата кандидати за градоначалник на турскиот град Истанбул, вечерва учествуваат на телевизиска дебата во пресрет на повторените локални избори во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

Модератор на дебатата помеѓу кандитатот Бинали Јилдирим и Екрем Имамоглу во Конгресниот центар „Лутфи Кирдар“ во Истанбул е новинарот Исмаил Куќуккаја.

Во однос на прашањето зошто се повторуваат изборите во Истанбул, Јилдирим истакна дека изборот на владејачката партија на правдата и развојот (AK Parti) била да се бројат сите валидни гласови, а не да се одржат нови избори, но според него, опозицијата била несупешна во соработката.

„Доколку моите гласови се запишани кај кандидатот на ЏХП (опозициската Републиканска народна партија) или друг кандитат, тоа е кражба. Нема друго објаснување за тоа“, рече тој.

Од друга страна, Имамоглу ги негираше обвинувањата за кражба, запрашувајќи кој ги украл изборите од 31 март, на кои тој беше назначен за градоначалник на Истанбул пред турската изборна комисија да ги поништи резултатите врз основа на нерегуларности и незаконитости.

„Дали вашите зборови се насочени кон избирачките претставници на АК Партија, на партијата ИЈИ, на МХП или на ЏХП? Или е на шефовите на избирачките одбори?“, 

Имамоглу повторувањето на изборите во Истанбул ги карактеризираше како дел од борбата за демократија, не само локални избори. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın