Diyar Güldoğan
09 Февруари 2023•Ажурирај: 10 Февруари 2023
АНКАРА (АА) – Тримесечната вонредна состојба за забрзување на спасувачките и хуманитарните напори во турските области погодени од земјотресите стапи на сила денеска, откако беше одобрена од пратениците, јавува „Анадолу“.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во турската област Кахраманмарас, погодија подрачја населени со 13 милиони луѓе во 10 турски области, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.
Неколку земји во регионот, од кај најмногу Сирија, ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Туркије во период за помалку од 10 часа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот најави тримесечна вонредна состојба за да се забрзаат напорите за потрага и спасување во областите погодени од земјотресите.
„Најмалку 16.170 луѓе загинаа, а 64.194 се повредени во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије во понеделникот“, соопшти денеска Ердоган.