Средба Фидан-Сијарто: Туркије ги поддржува мировните преговори меѓу Русија и Украина предводени од САД
Турскиот министер додаде дека Анкара ќе ги поддржи и прекинот на огнот и сеопфатните мировни преговори за руско-украинската војна
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес ја изрази поддршката на Анкара за мировните преговори предводени од Соединетите Американски Држави (САД) за ставање крај на тригодишната руско-украинска војна, јавува Анадолу.
„Ги поддржуваме преговорите за прекин на огнот предводени од САД“, изјави Фидан на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто во Анкара.
Тој додаде дека Анкара ќе ги поддржи и прекинот на огнот и сеопфатните мировни преговори за руско-украинската војна.
Во врска со европската безбедност, Фидан изјави: „Ние веруваме дека планирањето на сите чекори во врска со безбедноста на Европа заедно со Туркије е од суштинско значење за нашиот заеднички интерес.“
Нереално е да се зборува за европската безбедносна архитектура без да се вклучат Туркије и Русија, изјави унгарскиот министер Сијарто.
„Очекуваме провоените политики на Брисел да не ги попречат мировните преговори (Русија - САД) за ставање крај на руско-украинската војна“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.
Сијарто денес престојува во работна посета на Туркије.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
