Турција

Средба Ердоган - Столтенберг во Анкара

Средбата на Ердоган и Столтенберг се одржа во палатата „Чанкаја“ во турскиот главен град, Анкара, а траеше еден час

Ekipa  | 06.05.2019 - Обновена : 07.05.2019
Средба Ердоган - Столтенберг во Анкара

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го прими на средба генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).

Средбата на Ердоган и Столтенберг се одржа во палатата „Чанкаја“ во турскиот главен град, Анкара, а траеше еден час.

Столтенберг на Твитер објави фотографија и порака во врска со оваа средба.

„Задоволство ми е повторно да бидам во Анкара за да се сретнам со претседателот Ердоган. Турција е многу вреден сојузник, и НАТО е во солидарност со Турција која се соочува со сериозни безбедносни предизвици“, нагласи Столтенберг.

На средбата присутни беа и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, проф. д-р Фахретин Алтун, како и Осман Ашик Бак, претседател на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО.

- Средба Чавушоглу - Столтенберг во Анкара -

Tет-а-тет и меѓуделегациска средба со Столтенберг реализира и турскиот министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу на Твитер напиша објава во врска со неговата средба со Столтенберг.

„Со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговаравме за бројни теми, меѓу кои и односите меѓу НАТО и ЕУ, како и купувањето на „С-400“ од страна на нашата земја. Разговаравме за подготовките за Состанокот на претседателите на државите и владите на земјите членки на НАТО, кој ќе се одржи во Лондон“, напиша Чавушоглу.

Столтенберг допатува во дводневна посета на Турција по повод состанокот на Северноатлантскиот совет со партнерите од Медитеранскиот дијалог.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın