Meryem Göktaş
31 Декември 2018•Ажурирај: 01 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денес изјави дека Турција е многу блиску до целосно елиминирање на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
„Стигнавме речиси до крајот на борбата против ПКК. Ние целосно ги расчистивме градовите од ПКК и ги фативме во замка, во пештерите во руралните подрачја“, изјави Сојлу за време на церемонијата на дипломирање на полициски службеници во главниот град, Анкара.
Министерот за внатрешни работи изјави дека операциите насочени против терористите на ПКК во Турција продолжиле во текот на 2018 година, додавајќи „ги отстранивме сите ресурси со кои терористите се хранеа.“
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.