Diyar Güldoğan
31 Декември 2018•Ажурирај: 01 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 1.746 терористи се неутрализирани во антитерористичките операции спроведени низ цела Турција во 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 јануари до 31 декември оваа година спроведени се околу 131.000 антитерористички операции.
Безбедносните сили уапсиле околу 235.000 осомничени лица за дела поврзани со дрога и шверц, околу 75.000 лица за помагање на терористички организации, и над 6.000 осомничени за трговија со луѓе.
Турските безбедносни сили, исто така, запленија околу 1.650 рачни гранати, 23 тони експлозивен материјал, над 800 импровизирани експлозиви, околу 1.100 парчиња долгоцевно оружје како и 503.000 парчиња муниција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца.
Во однос на миграциите, Министерството истакнува дека во текот на 2018 година фатени се вкупно 265.169 нерегуларни мигранти.
Турција е главната рута која ја користат нерегуларните мигранти за да стигнат до Европа, особено од 2011 година, кога започна граѓанската војна во Сирија.