Behçet Alkan
11 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
НЕВШЕХИР (АА) - Самовилските оџаци во Невшехир, кои се прекриени со снежна прекривка, го привлекуваат вниманието на туристите, известува Анадолу.
Снежните врнежи со прекини продолжуваат во Кападокија, која ја посетуваат голем број туристи во секој дел од годината благодарение на нејзините историски, културни и природни убавини.
Нудејќи прекрасна глетка со различниот колорит во пролет, лето и есен, Кападокија во зима ги пречекува своите гости ‘облечена’ во бело.
Некои туристи им се придружија на турите со теренски возила и уживаа во патувањето низ долините покриени со снег. Оваа уникатна глетка со дрон ја сними дописникот на АА.
Обиколките со балон на топол воздух последнава недела се откажани во Кападокија поради неповолните временски услови. Затоа, колоритот на пејзажот го обогатуваат балоните со топол воздух подготвени за визуелни цели.
Во Кападокија обоена во бело, локалните и странските гости покажуваат интерес за долините Киличлар, Гуверчинлик, Ѓулудере, Ашк и Земи.