Eşber Ayaydın
15 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
ИЗМИР (АА) - Претседателот на управиот одбор на Здружението за извоз на риби и морски продови од Егејското Море, Синан Кизилтан, за новинарите изјави дека Турција и во рибарството и во производството се наоѓа на второто место во Европа. Турција има зголемен извоз во последните 8 години, кој на годишно ниво го достигна износот од 800 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Кизилтан истакна дека турските риби се богати со омега 3, и дека рекламите во кои се вели дека норвешкиот лосос е поздрав од турските риби, не ја отсликуваат реалноста.
- „Турските риби имаат поголем процент на омега 3 од норвешкиот лосос“ -
Кизилтан изјави дека е вознемирен од ваквата состојба: „Во последно време најмногу нѐ вознемирува фактот што норвешките лососи, кои се одгледуваат во мрестилишта, се прикажува дека имаат поголем процент на омега 3 од турските риби. Дека тоа не е вистина, ние тоа го покажавме. Според анализите што ги изработивме како производители, се покажа дека кај рибите фатени во морето и кај оние од мрестилиштата, процентот на омега 3 е поголем од норвешкиот лосос. Особено локалните риби инчун (европски аншор), леврек, орадата и неколку други видови, сите се богати со омега 3. Турција извезува риби во 85 земји во светот. Ние се гордееме со тоа“.
Кизилтан истакна дека морињата со кои е опкружена Турција се богати со јод и имаат високо ниво на чистота. „Основата на таблетите со омега 3 што денес се продаваат во Европа, потекнува од рибата инчун (европски аншор) од Црното Море. Хранливата вредност на сите риби во Турција со сигурност е поголема од онаа на рибите одгледани во норвешките мрестилишта“.