Sefa Mutlu
24 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, разговараше со иранскиот колега, Хасан Рухани, за ситуацијата во регионот, со акцент на најавениот неуставен референдум во Курдската регионална управа во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор од канцеларијата на турскиот претседател соопшти дека Ердоган и Рухани во текот на телефонскиот разговор изразиле согласност за неопходноста од зачувувањето на територијалната целовитост која е пред голема закана поради утрешниот референдум во Курдската регионална управа на северен Ирак.
Ердоган и Рухани се согласни дека оглушувањто на курдската управа на апелите да се откаже од утрешниот рефрендум би можело да го внесе цел регион во хаос.
Двајцата лидери разговараа и за официјалната посета на Ердоган на Техеран, која е најавена за 4. октомври.