Sibel Kurtoğlu
03 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Иран, Хасан Рохани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, во телефонскиот разговор двајцата претседатели се осврнале на демонстрациите во Иран кои започнаа на 28 декември.
Ердоган истакнал дека Турција придава посебна важност на зачувувањето на стабилноста и општествениот мир во Иран. Тој ја потврди изјавата на Рохани кој вели дека народот не треба да ги прекршува законите додека го користи правото за мирен собир.
Претседателот на Иран во разговорот упатил благодарност до турскиот претседател Ердоган и истакнал дека се надеваат оти демонстрациите ќе завршат за неколку дена.