Gökhan Ergöçün
19 Ноември 2019•Ажурирај: 20 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ
Шефот на Канцеларијата за финансии на турското претседателство денеска изјави дека просперитетот во Азија започнал да се враќа од Европа и Америка, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Додека речиси целото светско богатство пред 2.000 години беше во Азија, и голем дел од тоа се влеваше во Европа и Америка, сега имаме обратен тренд“, изјави Ѓоксел Ашан, шефот на Канцеларијата за финансии на турското претседателство.
„Просперитетот не се движи сам по себе, ова се најголемите трансформациски периоди на светот“, изјави Ашан на 4. Конгрес на турските пазари на капитал 2019 година.
Дводневниот Конгрес организиран со поддршка од турското Претседателство, денеска започна на тема „Трансформација“. АА е глобален комуникациски партнер на настанот.
„Трансформацијата, всушност, определува како се распространува богатството низ целата географија“, нагласи тој.
Оваа трансформација претставува главна и опасна ситуација за човештвото поради фактот што „распределувањето на богатството не се одвива по мирен пат“, потенцира Ашан.
Тој истакна: „Треба да ги искористиме сите придобивки од оваа трансформација, но треба да определиме стратегии.“
Ашан, исто така рече дека трансформацијата ќе се реализира најмногу во секторот за финансии.
„Во овој момент, финансискиот систем е неодржлив. Треба да се редефинира“, истакна тој.
„Финансиите и реалните сектори треба повторно да се поврзат, во спротивно, системот не може да биде одржлив“, додаде Ашан, шефот на Канцеларијата за финансии на турското претседателство.