Sibel Uğurlu
19 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили фатија терористка која се наоѓаше на листата на барани терористи во антитерористичката операција во југоисточниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Операциите се извршија во областа Личе во Дијарбакир“, се додава во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција.
„Семра Тунџер, со кодно име „Нирвана“, беше регионална оперативка на терористичката организација и се наоѓа во сивата категорија на листата на барани терористи на Министерството за внатрешни работи“, се вели во соопштението, во кое се додава дека била издадена награда од 300.000 турски лири за нејзино пронаоѓање.
Листата на барани е поделена во пет категории - црвена за најбараните терористи, по што следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.
„Четири други лица се уапсени поради помагање на терористката“, се додава во соопштението.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.