Ekipa
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
АНКАРА (АА) - САРП ОЗЕР/СИНАН УСЛУ -
На состаноците на Врховниот воен совет на Турција (YAS) на кои се одредува воено-стратешкиот концепт, програмата и целите на Турските вооружени сили (ТСК), во последните неколку години дојде до значајни промени. Првата промена следеше кога на чело беше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во тој период беше премиер на земјата. Сепак, најзначајната промена следуваше откако воените лица лојални на терористичката организација ФЕТО на 15 јули минатата година се обидоа да извршат државен удар.
Советот е формиран во 1972 година и се состанува најмалку еднаш годишно, на повик на премиерот. Меѓу темите за кои се разговара на состанокот се одредување на основно воено-стратешки идеји кои ги подготвува Генералштабот, и доколку е потребно, консултции во врска со неа, се зборува за програмите и за целите на Вооружените сили.

Членовите на Советот се состануваат обично двапати годишно, во летниот и зимскиот период. На состанокот во зимскиот период се разговара за акциите и способностите на Турските вооружени сили (ТСК), борбата против тероризмот, додека на состаноците во летниот период се разговара за именување и пензионирање.
Претходно, Советот се состоеше од премиери, началници на Генералштабот, министри на одбрана, команданти на копнените и вооружените сили, команданти на жандармеријата, генерали на армијата и адмирали.
На состанокот во Генералштабот на чело на масата во облик на буквата „U” се наоѓаа премиерот и началникот на Генералштабот.
До првите промени во распоредот на седење дојде во август 2001 година. На чело на масата седеше Ердоган, кој тогаш беше премиер на земјата, а до него се наоѓаа привремениот началник на Генералштабот и командантот на Копнените сили, Неџдет Озел и тогашниот министер за одбрана Исмет Јилмаз.
Сепак, до најголеми промени во структурата на Врховниот воен совет дојде откако припадниците на ФЕТО се обидоа да извршат државен удар во Турција, на 15 јули 2016 година.
На состаноците почнаа да присуствуваат заменици премиери, министри за правда, надворешни и внатрешни работи, а членството на командантите на копнените сили и морнарицата е укинато.
Укината е обврската состаноците на Советот да се одржуваат во август. Наместо тоа, донесена е одлука состанокот да се одржува на повик на премиерот во време кога постои потреба за тоа. Исто така, работата на секретаријатот на Советот, кој претходно ја воше Генералштабот, премина во надлежност на Министерството за одбрана.
Состанокот кој претходно се одржуваше во Генералштабот на Турција е изместен по третпат надвор од објектот на штабот. Првиот состанок во палатата Чанкаја, во Анкара, со кој претседаваше турскиот премиер Бинали Јилдирим е одржан по обидот за пуч, поточно на 28 јули 2016 година, додека вториот состанок на Советот е одржан на 23 август истата година.
На денешниот состанок на Врховниот воен совет (YAS) со кој претседава Јилдирим, присуствуваат началникот на Генералштабот Хулуси Акар, замениците-премиери Бекир Боздаг, Мехмет Шимшек, Фикри Ишик, Реџеп Акдаг и Хакан Чавушоглу, како и министерот за правда Абдулхамит Ѓул, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за одбрана Нуретин Џаникли, командантот на Копнените сили Салих Зеки Чолак, командантот на Поморските сили на Турција, Булент Бостаноглу и командантот на Воздушните сили Абидин Унал.
Состаноците на Советот кои претходно траеја по три дена, по промената ќе траат еден ден. Одлуките донесени на состанокот на јавноста ќе и бидат познати по одобрувањето на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.