Kadir Yıldız
16 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
КОЏАЕЛИ (АА) - Кадир Јилдриз - Инжинерот Реџеп Билал Шенѓун основаше фирма за производство не велосипеди со цел обезбедување на работата на кошаркарите во инвалидски колички, пишува Anadolu Agency (AA).
Од мал бизнис денес дојде до тоа, 15 различни модели на велосипеди, меѓу кои и електрични, да се извезуваат во шест земји.
Шенѓун во разговор за Anadolu Agency (AA) изјави дека за лицата со инвалидитет, кои го основале кошаркарскиот клуб во Коџаели, се потребни инвалидски колички. Тој потсети дека лицата со инвалидитет изразиле желба да работат некоја работа. На идејата за отворање на оваа фирма дојде за време на посетата на Италија и Шпанија каде виде дека лицата со инвалидитет користат електрични автомобили.
Како што изјави Шенѓун, по патувањето отишол до началникот Ибрахим Караосманоглу, на кој му кажал за идејата да направи нешто такво во тој град. Тој го прифатил планот и започнале со имплементацијата на тој проект.
На почетокот имало проблеми кои со времето ги надминале и направиле успешна работа. Шенѓун истакна дека моментално произведуваат 15 различни модели на велосипеди, меѓу кои и електрични.
„На велосипедот може да се качат двајца патници и возач. Капацитетот на велосипедот изнесува 300 килограми. Изработен е рачно во потполност. Работата на терен е успешна“, раскажа Шенѓун.
Смета дека ваквиот вид на превоз го намалува метежот во сообраќајот, штеди време и претставува еколошки прифатлив автомобил. Шенѓун истакна дека гужвата во сообраќајот во големите градови одзема многу време. Порачува дека е време за враќање на велосипедите.
„Го работиме тоа со 100 отсто домашно производство. Постои интерес и во другите земји. До сега извезувавме во Велика Британија, Холандија, Франција, Грузија, Турска Република Северен Кипар и Германија“, раскажа Шенѓун.
Тој нагласи дека велосипедите кои се користат како такси, во туристичка смисла привлекуваат многу внимание.