Dilara Zengin
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
БАГДАД (АА) - Ирак го намалува производството на нафта за 160.000 барели дневно, во согласност со одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачкиот министер за нафта, Џабар А. Aлиби тврди дека Ирак започна постапка за намалување на производството на нафта од почетокот на 2017 година, во согласност со резолуцијата на земјите-членки на ОПЕК и надвор од неа.
„Ирак го намали производството на 160.000 барели сурова нафта дневно, а се надевам дека ќе се намали за 210.000 барели дневно до крајот на јануари. Тоа е одредена квота за Ирак, која беше договорена за време на состанокот на ОПЕК во Виена во 2016 година“, рече Aлиби.
Ирачкиот министер ја потврди заложбата на Ирак да го намали производството на нафта и покрај рекордното производство во 2016 година.
Според најновиот извештај на ОПЕК, производството на нафта во Ирак изнесувало 4,5 милиони барели дневно во ноември 2016 година.