Ahmet Sertan Usul
02 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Ахмет Сертал Усул
Триесетгодишниот Јусуф Акѓун од Игдир во Турција ги изгубил двете раце во струен удар додека имал пет години. За Anadolu Agency (AA) зборуваше за успоните и падовите и вложените напори. Не било лесно да се живее како дете со посебни потреби. Сепак, успеал. Станал успешен уметник кој црта со молив во устата.
Откако останал без двете раце, семејството го дало во една установа за деца, која работи при Министерството за семејство и социјална политика.
Како што тој изјави, било тешко да се расте далеку од семејството, како дете со посебни потреби. Со текот на годините, Акѓун вложил напори да покаже како лицата со инвалидитет можат да успеат во многу области, можат да работат како и другите лица кои ги немаат овие недостатоци.
Тој се присети и на денот кога со автобус одел во Игдир во посета на семејството. Патувал 27 часа. Во тоа време го гледал филмот на турскиот комичар Кемал Сунал со помош на кој на некој начин успевал да ја заборави болката поради оддалеченоста од своето семејство.
Акѓун истакна дека знаел и да побегне од домот за деца. Го правел тоа со останатите деца кои биле сместени со него.
Кога бил основно училиште неговиот наставник за време на испит на клупите на сите ученици оставил листови и тогаш за прв пат го зел моливот со уста.
„Тогаш прв пат го зедов моливот со уста и одговорив на поставените прашања. Во тој момент покажав дека постојам и оттогаш започна оваа возбуда“, раскажа Акѓун.
На девет години почнал да слика ликови од стрипови, но и актери.
„На почетокот бев момче без раце кое не можеше ништо да прави. Тогаш почнав да читам стрипови, да гледам и да ги изучувам проектите на Брус Ли и Ван Дам на телевизија. Се обидов да ги претставам и имитирам“, изјави Акѓун.
Во средно училиште почнав да цртам портрети на пријатели, но и свој портрет. Се присети дека професорот по ликовно знаел да му стави вазна пред него и да му каже да црта. Тој го правел тоа по неколку пати, и за себе и за своите другари во училиштето.
Дипломирал на Одделот за мода и текстил на Факултет за применети уметности. Тој истакна дека работел на тоа да им пружи пример на сите лица со инвалидитет и да покаже дека се се може кога се сака. Многу работел цртежите да ги направи подобри од другите.
Акѓун утре на Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, ќе отвори и изложба со колекција на портрети, направени во раните години.
Ќе бидат изложени портрети на 34 актери, 24 актерки и едно момче, на кои работел една ипол година.
Акѓун порача дека лицата со инвалидитет, борејќи се со тешкотиите во животот, на тој начин придонесуваат и за себе и за општеството.
„Луѓето околу нив можат да не веруваат во нивниот успех, меѓутоа, тие треба да веруваат дека можат да успеат во се што ќе посакаат“, додаде ова храбро момче.