Sibel Uğurlu
12 Октомври 2018•Ажурирај: 12 Октомври 2018
ИЗМИР (АА) - Судењето на американскиот свештеник Ендрју Брансон, кој се соочува со обвиненија поврзани со тероризам, се продолжува денес во турскиот Измир, велат судски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Брaнсон утринава од домашен притвор, во кој престојува од 25 јули со безбедносни мерки, е донесен во зградата на Судот во квартот Алиага во Измир.
На 25 јули Судот во Измир нареди преместување на Брансон од затвор во домашен притвор, поради неговите здравствени проблеми.
Брансон се товари за шпионажа во корист на ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на САД и Турција, и во корист на ФЕТО, терористичката организација која стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули, 2016 година.
Турција и САД имаат нарушени односи поради наметнувањето санкции од страна на Вашингтон кон Турција поради притворањето на Брансон.