Mustafa Çalkaya
31 Јули 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
АНКАРА (АА) - Приходот на Турција од туризмот, во вториот квартал од годинава, е зголемен за 30,1 отсто во однос на истиот период лани и изнесува 7,04 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот институт за статистика (TÜİK) ги објави статистичките податоци за туризмот во земјата во вториот квартал од годинава.
Според овие податоци, приходот од туризмот во вториот квартал од годинава е зголемен за 30,1 отсто во однос на истиот период минатата година и изнесува 7.044.591.000 долари.
Од приходите во туризмот (освен за роаминг на мобилна телефонија и трошоци за пристанишни услуги), 84,7 отсто потекнуваат од странски туристи, додека 15,3 отсто се приходи од турски државјани со работа во странство кои ја посетиле татковината.
Во овој квартал за лични трошоци туристите во Турција потрошиле 5.463.809.000 долари, додека приливот од 1.580.782.000 долари е остварен од туристички пакет-аранжмани.
По лице трошоците во просек изнесуваат 636 долари. Странците по лице трошат 602 долари, додека турските државјани со престој во странство, во овој период потрошија 885 долари по лице.
- Бројката на посетители е зголемена за 24,9 отсто -
Бројот на туристите кои покрај посетата на Турција, направиле излез во друга земја, во овој квартал е зголемен за 24,9 отсто во однос на истиот период лани и изнесува 11.067.987 лица.
Од овие туристи, 89 отсто се странци, додека 11 отсто се турски државјани со престој во странство.
Во вториот квартал од годинава, приходите во туризмот од турските туристи кои заминале во странство е зголемен за 19 отсто и изнесува 1.650.276.000 долари.
Од овие приходи, 1.421.872.000 долари се за лични трошоци, додека 228.404.000 долари од туристички пакет-аранжмани.
Во овој квартал, бројот на турски туристи кои заминале во странство, во однос на истиот период минатата година, е намален за 4,4 отсто и изнесува 2.194.058 лица. Овие турски државјани, во просек по лице потрошиле 752 долари.