Hanife Sevinç
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Ускудар, на подрачјето на Истанбул, приведени се Мехмет Демирџан и неговата сопруга, кои се криеле во куќа-ќелија на терористичката организација ФЕТО. Во периодот додека водачот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, живеел во Турција, Демирџан бил негов личен шофер, за подоцна да стане генерален директор на ФЕМ, едно од најголемите подготвителни училишта за запишување на универзитет, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата на Истанбулската полиција за борба против организиран криминал во соработка со МИТ (Турската национална агенција за разузнавање) координирано спроведоа операција за разоткривање на припадниците на ФЕТО. Во тие рамки, на 21 август во Ускудар спроведена е операција во куќа - тајна ќелија на организацијата, објект кој важел како како „куќа за бездомници“.
Во операцијата приведени се Мехмет Демирџан и неговата сопруга, Фатма Нурај Демирџан, кои се криеле во куќата-ќелија на терористичката организација ФЕТО. Во периодот додека водачот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, живеел во Турција, Демирџан бил негов личен шофер, едно од лицата што се наоѓале на највисоко ниво на раководење во организацијата, и генерален директор на ФЕМ, едно од најголемите подготвителни училишта за запишување на универзитет.
За време на пребарувањето во куќата, запленети се материјали во дигитална форма и документи на организацијата.
По спроведениот полициски протокол, Демирџан е спроведен во суд, каде што му е доделен притвор, а неговата сопруга е ослободена под услов за судска контрола во услови на домашен притвор.