Adsız Günebakan
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
ГАЗИАНТЕП (АА) - Обвинителството во Турција издаде налози за лишување од слобода на 23 активни припадници на Вооружените сили на таа земја, поради обвиненија дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Налогот го издаде Обвинителството во Газиантеп, кое спроведува истрага за елементите на ФЕТО инфилтрирани во Турските вооружени сили.
Постапувајќи по налогот, турската полиција започна истовремени акции во 15 градови и досега приведе десетмина осомничени.
Терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција во ноќта на 15 јули 2016 година.
Припадниците на оваа терористичка организација, со години, преку местење на испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, во правосудството на Турција, преку наместен процес поради наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите во Турската војска, припадници на терористичката организација, започнаа пуч.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја земја каде што е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251 лице, а ранети беа околу 2.200 лица.