Турција

Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Пезешкијан

- Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство објави дека за време на телефонскиот разговор двајцата претседатели ги разгледале билатералните односи меѓу Турција и Иран, како и регионалните и глобалните прашања.

Mümin Altaş  | 04.06.2025 - Обновена : 05.06.2025
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Пезешкијан

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, известува Анадолу.

Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство објави дека за време на телефонскиот разговор биле разгледани билатералните односи меѓу Турција и Иран, како и регионалните и глобалните прашања.

Претседателот Ердоган изјави дека продолжуваат да работат на чекори што ќе ја зајакнат институционалната рамка на турско-иранските односи во наредниот период.

Ердоган, исто така, му го честиташе празникот Курбан бајрам на иранскиот претседател Пезешкијан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.