Miraç Kaya
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
БАЛИКЕСИР (АА) - Чамец со најмалку 39 мигранти потона во Егејското Море, а спасувачките екипи на Турската крајбрежна стража спасија 35 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во тек е потрагата по уште најмалку четири лица, што се водат како исчезнати по потонувањето на чамецот недалеку од крајбрежното подрачје на Ајвалик, во областа Баликесир.
Турската крајбрежна стража доцна синоќа добила дојава дека на една милја од островот Чиплан Ада има гумен чамец со мигранти, а по пристигнувањето на таа локација тимовите на Крајбрежната стража ги затекнале мигрантите во вода, а чамецот бил скоро целосно под вода.
Според првите искази на сведоците, чамецот го дупнале припадниците на Грчката крајбрежна стража, ги зеле канистерите со бензин, и ги принудиле мигрантите да се вратат во турските територијални води.
Според нивните искази, од чамецот исчезнале четири лица, по кои трага Турската крајбрежна стража.