Ayşe Yıldız
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
АНТАЛИЈА
Популарната туристичка дестинација Анталија, во Турција, оваа година до 15 ноември ја посетија 3.356.623 туристи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Анталија со услугите на безбедниот и здрав туризам оваа година, и покрај пандемијата, успеа да остане популарна туристичка дестинација.
Во време кога целиот свет е соочен со пандемијата, Анталија до 15 ноември ја посетија 3.356.623 туристи.
Најмногу туристи, 1.459.048, пристигнаа од Русија. Следуваат Украина (554.410), Украина (339.759), Велика Британија (209.649), Полска (85.929) и Белорусија (63.028).
Шефот на Здружението на професионални хотелиери, Улкај Атмача за АА наведува дека туристите дома се враќаат задоволно со мерките преземени за спречување на ширењето на Ковид-19.
Атмача додава дека во Анталија нудат услуги на здрав и безбеден туризам, те укажа на значењето на напорите кои се вложуваат во тој поглед.