Arif Yakıcı
03 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Екипите на Одделот за борбата против тероризмот на истанбулската полиција открија нова фотографија на терористот кој го изведе напдот во ноќниот клуб во населбата Ортакој во Истанбул, на која досега најјасно се гледа неговото лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на новинарот на АА од извори блиски до полицијата, фотографијата открива најмногу детали досега.
На фотографијата, издвоена од снимките на една од безбедносните камери, јасно се гледаат цртите на лицето на напаѓачот кој во новогодишната ноќ уби 39 лица.
Полицијата соопшти дека сè уште врши потрага по напаѓачот.