Ekipa
29 Октомври 2023•Ажурирај: 31 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - По повод одбележувањето на 29 Октомври, Денот на Републиката и 100-годишнината од прогласувањето на Република Туркије, Министерството за трезор и финансии на Туркије отпечати специјална кованица, сувенир од „5 турски лири“, јавува Анадолу.
Специјалниот сувенир од „5 турски лири“, како и посебна поштенска марка која ја подготви турската ПТТ (Агенцијата за пошта и телеграф) беа претставени на свеченоста во Претседателскиот комплекс во Анкара.
Националниот празник Денот на Републиката во Туркије се одбележува на 29 Октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година. Републиката ја прогласи воениот водач Мустафа Кемал Ататурк, кој потоа беше избран од Големото народно собрание на земјата за прв претседател на современа Туркије.
Еден од најголемите национални празници се обележува со низа пригодни настани низ земјата, вклучително и положување венци на Аниткабир, мавзолејот на Ататурк.