Eshat Fırat
02 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - ЕСАТ ФИРАТ - Поминаа 100 години од донесувањето на Балфоровата декларација, која го отвори патот за формирање на израелска држава на територијата на Палестина, пишува Anadolu Agency (AA).
Тогашниот министер за надворешни работи на Британија, Артур Џејмс Балфор, во писмото што на денешен ден пред 100 години (на 2 ноември 1917 година) го напиша до лорд Волтер Ротшилд, едно од најзначајните имиња на ционистичкото движење, вети дека ќе се формира „татковина“ за Евреите на територијата на Палестина.

По ова писмо, напишано во рамките на кампањата под мотото „населување на еден народ без татковина во една татковина без народ“, започна големата еврејска миграција на палестинската територија.
Британија првин му го вети Арапското кралство на владетелот на Мека, Хусејин бин Али, а потоа со Договорот Сајкс-Пико ги сподели со Франција териториите на Османлиското Царство. Исто така, Британија го подготви патот за формирање израелска држава на историската територија на Палестина, која ја држеше под окупација пред процесот на мандатна управа.
Британија, која со писмото напишано пред 100 години од страна на Балфор, а потоа со мандатната управа, ги направи палестинските територии „татковина“ на Евреите и им овозможи на Евреите да формираат држава, беше воздржана при гласањето во 2012 година во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), околу признавањето на Палестина како држава.
Земјата на британската премиерка Тереза Меј, која вели дека „се горди со нивната улога во формирањето на израелската држава, дека со гордост ќе ја прослават 100-годишнината од Балфоровата декларација“, 100 години претходно, игнорирајќи го палестинскиот народ, во 1948 година го трасираше патот за формирање на израелската држава.
Што претставува Балфоровата декларација и што предизвика?
Писмото што тогашниот министер за надворешни работи на Британија, Балфор, во третата година од почетокот на Првата светска војна го напиша до лорд Ротшилд, една од најзначајните фигури на ционистичкото движење, писмо кое стана познато како „Балфорова декларација“, се смета за најзначајниот историски момент во насока на формирањето на израелската држава.
Декларацијата подготвена како резултат на меѓусебната преписка на Ротшилд и Балфор, имаше за цел да ја импресионира еврејската дијаспора, за која Британија веруваше дека е влијателна во САД, тукушто вклучени во војната.
„Почитуван лорд Ротшилд, имам големо задоволство во име на Владата на Нејзиното Височество да ја пренесам следната декларација за поддршка на еврејските ционистички аспирации кои беа поднесени до кабинетот и одобрени од негова страна. Владата на Нејзиното Височество позитивно гледа на формирањето на национална татковина во Палестина за еврејскиот народ и ќе направи сѐ за да се олесни постигнувањето на оваа цел. Но треба јасно да се разбере дека нема да се направи нешто што ќе ги наруши државните и верските права на постоечките нееврејски заедници во Палестина, или правото и политичката позиција на Евреите кои живеат во други земји. Јас би бил благодарен ако за оваа декларација ја информирате Ционистичката федерација“, се вели во Балфоровата декларација, која подоцна доби поддршка и од страна на Италија, Франција и САД.
Се зголеми еврејската мигирација на територијата на Палестина
Балфоровата декларација, која една недела по писмото (2 ноември 1917) беше споделена во медиумите, беше вклучена во Договорот од Севр, потпишан од страна на Османлиското Царство по завршувањето на војната. Оваа декларација ја формираше основата на британската мандатна управа на палестинската територија, прифатена во 1922 година во Друштвото на народите.
По Балфоровата декларација, во периодот од 1920 до 1940 година, се зголеми еврејската миграција во Палестина, која беше под британски мандат. Миграцијата се зголеми уште повеќе поради извршениот геноцид врз Евреите од страна на нацистите, за време на Втората светска војна во Европа.
Во овој процес, Палестинците се обидоа да се спротивстават на порастот на еврејското население на нивната територија, но откако заврши мандатската управа на Британија и таа се повлече од Палестина, во 1948 година се формира израелската држава, која Палестинците ја нарекоа Некбе (Голема катастрофа).
Процесот на окупација беше интензивиран откако се формира израелската држава по повлекувањето на Британија од Палестина. Стотици илјади Палестинци беа раселени од нивната татковина и беа загубени голем број животи и имоти.
Израелската држава формирана на историската територија на Палестина, за време на процесот предводен од страна на Балфор, сѐ уште го смета за „татковина без народ“ регионот каде што моментално живеат Палестинци, од кои половината беа принудени на задолжителна миграција.