Kaan Bozdoğan,Sefa Mutlu,Berk Özkan
24 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - По 86 години, се клања првиот џума-намаз (петочна молитва) во Големата џамија „Аја Софија“ во Истанбул со учество на илјадници лица во џамијата и нејзината околина, јавува Агенција Анадолија (АА).
На програмата за отворање на Големата џамија „Аја Софија“, на плоштадот пред џамијата се собраа голем број граѓани кои учеа текбири.
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Еродган, рецитираше делови од Куранот во џамијата, а потоа се клањаше џума намзот под водство на претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш.
По 86 години, верниците имаа прилика да го клањаат првиот намаз во Големата џамија „Аја Софија“ која се отвори за верски обреди.
По клањањето на сунет намаз, Ербаш ќе ја прочита хутбата, а потоа ќе биде имам за извршување на фарзот на петочната молитва.