Sarp Özer
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, која се спроведува на северниот дел на Сирија против терористичката организација ДЕАШ, уништени се 208 упоришта на споменатата организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу уништените упоришта се и складишта со оружје на терористичката организација ДЕАШ.
Припадниците на Турските вооружени сили на (ТСК) во рамките на офанзивата уништија 156 упоришта, а во акцијата на Командата на воздушните сили на Турција на подрачјето на Ел Баб, уништени се 52 упоришта на ДЕАШ.
Од ТСК е соопштено дека офанзивата започната на 24 август и понатаму е во тек, а на 118. ден од офанзивата неутрализирани се 11 припадници на ДЕАШ, а пак ранети се четири припадници на опозициските сили.
Во терористичкиот напад во Ел Баб, кој го извршија припадниците на ДЕАШ, загина припадник на ТСК.