Uğur İslamoğlu
07 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акцијата спроведена во рамките на истрагите против терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, приведени се 20 осомничени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на Дирекцијата за антитероризам во Истанбул идентификуваа некои од адресите кај кои може да се кријат осомничените кои се бараат во рамките на истрагите против ФЕТО.
Тимовите започнаа да работат на информацијата дека 28 осомничени лица кои не можеле да бидат фатени во претходните операции, може да се најдат на овие адреси што се користат од страна на припадниците на организацијата.
Во вечерните часови тимовите извршија рации на 24 различни локации низ оваа област.
За време на акцијата, приведени се 20 лица, од кои 18 члена на организацијата кои се во бегство.
Соопштено е дека процесуирањето на осомничените во полициската станица продолжува.
Инаку, терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а повредени беа 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.