Erdoğan Çağatay Zontur
09 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ИЗМИР (АА) - Турските безбедносни власти денес започнаа повеќе операции во различни области низ Турција за апсење на осомничени терористи поврзани со ФЕТО - терористичката организација која стои зад крвавиот неуспешен обид за пуч во Турција во 2016 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите издадоа потерници за вкупно 191 осомничен, меѓу кои и 181 активен припадник на Турските воздухопловни сили, а безбедносните сили започнаа истовремени операции раководени од Измир во 22 турски области.
Безбедносни извори соопштија дека 145 од осомничените се уапсени.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзини припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.