Kemal Karadağ
29 Јануари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
АНКАРА - Турција со своите безбедни туристички практики во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот, минатата година беше домаќин на речиси 16 милиони посетители, известува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што ги објави Министерството за култура и туризам на Турција, оваа земја во 2020 година ја посетиле 15.963.997 туристи од странство, што е за 69 проценти помалку во однос на 2019 година.
Приходите на Турција од туризам во 2020 година изнесуваат 12.059.320.000 долари, што претставува намалување од 65 проценти во споредба со претходната година. Просечниот трошок по посетител е зголемен за 14,4 проценти и изнесува 762 долари.
Русија е земја со најголем број посетители од 2.128.758 туристи. Бугарија со 1.242.961 лице е втора земја со најголем број туристи што ја посетиле Турција, додека Германија е трета со 1.118.932 посетители. По Германија, следуваат Украина, Велика Британија, Грузија, Ирак, Иран, Франција и Холандија.
Посетители кои доаѓаат во Турција најмногу ја посетуваат областа Истанбул. Потоа следуваат областите Анталија, Едрене, Мугла и Артвин.
Преглед на приходите од туризам и бројот на лица што ја посетиле Турција во периодот од 2016 до 2020 година:
| Година | Број на посетители | Приходи од туризам ($) |
| 2016 | 30.906.680 | 22.107.440.000 |
| 2017 | 37.969.824 | 26.283.656.000 |
| 2018 | 46.112.592 | 29.512.926.000 |
| 2019 | 51.747.199 | 34.520.332.000 |
| 2020 | 15.963.997 | 12.059.320.000 |