Muhammet Kurşun
19 Јуни 2019•Ажурирај: 21 Јуни 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на иранската Влада, Али Ребии, истакна дека на странските туристи при влезот во Иран нема да им се става печат на пасошите за да немаат проблеми поради санкциите на САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за новинарите, по владиниот состанок во главниот град Техеран, Ребии рече дека на состанокот е разговарано за извештајот за зголемување на бројот на странските туристи во Иран.
Ребии изјави дека на состанокот претседателот, Хасан Рухани, дал инструкции во насока „да не се ставаат печати на пасошите на странските туристи при влезот во земјата и да не им се прави никаква друга регистрација“.
„Луѓето без никакви грижи ќе можат да го посетат Иран. Инструкциите за неставање печати на пасошите на странците за кратко време ќе бидат применувани на сите аеродроми во земјата“, нагласи Ребии, портпаролот на Владата.
Администрацијата на Доналд Трамп, на 8 мај 2018 година, унилатерално се повлече од нуклеарниот договор потпишан во 2015 година и почна повторно да применува санкции врз Иран.