Ekipa
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - ЏАНКУТ ТАШДАН/СЕРТАЧ БУЛУР - Во рамките на борбата против терористичката организација ДЕАШ, безбедносните сили на Република Турција од 2016 година спроведоа најмалку 4.536 акции, во кои приведоа најмалку 13.696 осомничени, од кои на 4.517 им е одреден притвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, безбедносните сили на Турција во акциите спроведени во последните нешто помалку од четири години зададоа тежок удар на терористичките организации ДЕАШ, Ал Каеда, како и на другите странски борци.
Во рамките на „Одделите за анализа на ризик“, во кои на 64 локации во 30 турски градови дејствуваат експерти од антитерористичките и разузнавачките единици, се следат сите случувања и движења на припадниците на терористичките организации во и надвор од границите на Република Турција.
За време на активностите кои безбедносните сили на Турција ги спроведоа во координација со разузнавачките агенции на другите земји, забранет е влез во Турција за 75.480 странски државјани, за кои е утврдено дека се движат кон странските воени боишта.
На подрачјето на Турција во 2016 година реализирани се 783 акции, во 2017 година 1.391, во 2018 година 1.327, а оваа година заклучно со 15 октомври се изведени 1.035. акции. Во извршените 4.539 акции во кои се спречени голем број терористички активности, на вкупно 13.696 приведени, одреден е притвор за 4.517 лица.
Во истиот период се неутрализирани 1.018 терористи, меѓу кои се и ранети терористи што се уапсени во таква состојба. Меѓу фатените терористи, 1.174 припадници на ДЕАШ и 115 припадници на Ал Каеда сè уште се наоѓаат во притвор.