Bedrudin Brlyavac
15 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
АНКАРА (AA) - Според сознанијата на Anadolu Agency (AA), помала група вооружени лица се кренала на бунт против Генералштабот на вооружените сили на Турција. Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, вечерва изјави дека дојде до бунт против Генералштабот на турската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
„Такво нешто нема да биде дозволено. Оние што се обидуваат да го сторат тоа високо ќе ја платат цената на своите постапки“, рече турскиот премиер.