Aykut Karadağ
03 Октомври 2023•Ажурирај: 04 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Туркије, Али Јерликаја, потврди дека низ земјата од 8:30 часот по локално време започнаа 466 операции против тероризмот со учество на 13.440 полициски службеници, известува Анадолу.
На социјалните мрежи Јерликаја објави дека 12 осомничени членови на терористичката организација се приведени во Мерсин, Ван, Шанлиурфа, Мардин и Ајдин во рамките на операцијата „Херој“, која се спроведува низ земјата против терористичката организација ПКК.
Министерот Јерликаја информираше за операциите што се спроведуваат против т.н. разузнавачка структура на терористичката организација ПКК.
Тој наведе дека операциите се изведени на подрачјето на 16 области, вклучително и Шанлиурфа, Мардин, Дијарбакир, Газиантеп, Мерсин, Ширнак, Истанбул, Бурса, Батман, Денизли, Адана, Кајсери, Анталија, Конја, Испарта и Коџаели, при што се приведени 55 члена на терористичката организација.
Јерликаја соопшти дека во операцијата учествувале 960 тима и 13.440 припадници на безбедносните сили.
„Во моментов се изведуваат 466 операции во руралните подрачја низ Туркије. Ќе ја продолжиме нашата борба без прекин, со огромни напори на нашите безбедносни сили“, истакна министерот за внатрешни работи на Туркије, Јерликаја.