Adam Abu-bashal
17 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
АБУЏА (АА) - Во операцијата против терористичката организација Боко Харам на североистокот на Нигерија, Западна Африка, уништен е кампот за обука на организацијата, а исто така убиени се и многу терористи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Директорот за односи со јавноста на Воздухопловните сили на Нигерија (NAF), Ибикунле Дарамола, во изјавата за медиумите рече дека армијата извршила воздушен напад врз Боко Харам, во регионот Кирта Вулго во сливот на езерото Чад.
Дарамола истакна дека кампот за обука на организацијата е уништен и дека во нападот загинале голем број терористи.
Над 20.000 луѓе се убиени во масовните насилства на терористичката организација Боко Харам од 2009 година. Организацијата во Нигерија постои од раните 2000-ти години.
Од 2015 година, организацијата изврши напади и во соседните земји како што се Камерун, Чад и Нигер. Најмалку 2.000 луѓе загинаа во нападите на организацијата во сливот на езерото Чад.