АНКАРА
- Танжу ОЗКАЈА
Предноста на навремено преземените мерки од страна на Турција во борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се отслика врз бројките.
Додека бројот на активни случаи во светски рамки изнесува 58,03%, а 33,76% е процентот на оздравени пациенти заклучно со вчерашниот ден, во Турција бројот на активни случаи изнесува 36,95%, додека процентот на оздравени пациенти е 59,36%.
Според анализите што ги спроведе новинарот на АА, од 10 март кога е регистриран првиот случај на лице позитивно на Ковид-19, досега, во Турција се изработени 1.234.724 тестови на Ковид-19, при што вирусот е детектиран кај 131.744 лица.
Во тој период 3.584 лица ги загубија животите, а 78.202 успеаја да го совладаат новиот тип коронавирус.
Анализирајќи го вкупниот број на тестови и детектирани лица позитивни на Ковид-19, може да се забележи дека бројот на детектирани изнесува 10,6% од вкупниот број на тестови.
Првиот смртен случај како последица од заразеност со Ковид-19 во Турција е регистриран на 17 март и до 6 мај вкупниот број на смртни случаи изнесува 2,7% од вкупниот број на лица позитивни на тестот на новиот тип коронавирус.
За првпат повеќе од две лица во ист ден починаа на 19 март, при што процентот на смртност изнесуваше 1,2%, а 11 април е ден со најголем број на лица позитивни на тестот Ковид-19, и тој ден бројот на смртни случаи се искачи на 1,85%.
Тестот на Ковид-19 се спроведува со цел да се открие дали лицата што се сомнителни на болеста се позитивни на овој вирус, за да може да бидат изолирани од општеството.
Покрај болниците кои се дел од Министерството за здравство на Турција, тестот бесплатно се прави и во универзитетите овластени од Министерството и приватните болници и лаборатории.
Податоците од тестовите за првпат се објавени на 19 март и тогаш беше објавено дека тестирањето е извршено на 1.981 лице.
Утредента оваа бројка се искачи на 3.656, додека 10 дена подоцна изнесуваше 9.982, за кон крајот на март да стигне до 15.422.
На 29 април борјот на извршени тестови изнесувал 43.498.
На тој датум кој е забележан како датум со најголем број на тестови во Турција, регистриран е пораст на заразени со Ковид-19 за 6,74%. Овој процент претставува најмал раст на новозаразени од 20 март до тој ден.
Од вкупниот број на извршени тестови до денеска, 10,6% лица биле позитивни на тестот. Овој број на 27 март изнесувал 27,4%, на 1 април 14,9%, на 15 април 12,55%, на 30 април 6,22%, а на 5 мај, 5,5%. Во последната недела просекот на раст на новозаразени изнесува 5,9%.
Најголем раст на дневна основа е забележан на 27 март кога изнесувал 27,4%, додека овој процент на 4 мај падна на 4,51%.
Процентот на детектирани лица позитивни на Ковид-19, според вкупниот број на изработени тестови изгледа вака:
| Ден | Број на тестови | Позитивни | Процент (%) |
| 20 март | 3.656 | 311 | 8,50 |
| 21 март | 2.970 | 277 | 9,32 |
| 22 март | 1.738 | 289 | 16,6 |
| 23 март | 3.672 | 293 | 7,9 |
| 24 март | 3.952 | 343 | 8,6 |
| 25 март | 5.035 | 561 | 16,4 |
| 26 март | 7.286 | 1.196 | 16,4 |
| 27 март | 7.533 | 2.069 | 27,4 |
| 28 март | 7.641 | 1.704 | 22,3 |
| 29 март | 9.982 | 1.815 | 18,2 |
| 30 март | 11.535 | 1.610 | 13,9 |
| 31 март | 15.422 | 2.704 | 17,5 |
| 1 април | 14.396 | 2.148 | 14,9 |
| 2 април | 18.757 | 2.456 | 13,09 |
| 3 април | 16.160 | 2.786 | 17,2 |
| 4 април | 19.664 | 3.013 | 15,3 |
| 5 април | 20.065 | 3.135 | 15,6 |
| 6 април | 21.400 | 3.148 | 14,7 |
| 7 април | 20.023 | 3.892 | 19,4 |
| 8 април | 24.900 | 4.117 | 16,5 |
| 9 април | 28.578 | 4.056 | 14.1 |
| 10 април | 30.864 | 4.747 | 15,3 |
| 11 април | 33.170 | 5.138 | 15,4 |
| 12 април | 35.720 | 4.789 | 1340 |
| 13 април | 34.456 | 4.093 | 11,87 |
| 14 април | 33.070 | 4.062 | 12,28 |
| 15 април | 34.090 | 4.281 | 12,55 |
| 16 април | 40.427 | 4.801 | 11,87 |
| 17 април | 40.270 | 4.353 | 10.80 |
| 18 април | 40.520 | 3.783 | 9,33 |
| 19 април | 35.344 | 3.977 | 11,25 |
| 20 април | 39.703 | 4.674 | 11,77 |
| 21 април | 39.429 | 4.611 | 11,69 |
| 22 април | 37.535 | 3.083 | 8,21 |
| 23 април | 40.962 | 3.116 | 7,60 |
| 24 април | 38.351 | 3.122 | 8,14 |
| 25 април | 38.308 | 2.861 | 7,46 |
| 26 април | 30.177 | 2.357 | 7,81 |
| 27 април | 20.143 | 2.131 | 10,57 |
| 28 април | 29.230 | 2.392 | 8,18 |
| 29 април | 43.498 | 2.936 | 6,74 |
| 30 април | 42.004 | 2.615 | 6,22 |
| 1 мај | 41.431 | 2.188 | 5,28 |
| 2 мај | 36.318 | 1.983 | 5,46 |
| 3 мај | 24.001 | 1.670 | 6,95 |
| 4 мај | 35.771 | 1.614 | 4,51 |
| 5 мај | 33.283 | 1.832 | 5,50 |
| 6 мај | 30.303 | 2.253 | 7,43 |
Секојдневно се зголемува бројот на лица кои биле позитивни на Ковид-19, а оздравеле по третманот во болниците.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, за првпат на 25 март информира дека две лица на 60 и 65-годишна возраст оздравеле и се отпуштени од болница.
По овој датум, во информациите што ги објавуваше турското Министерство за здравство, постојано се забележува раст на бројот на оздравени пациенти.
За првпат на 24 април бројот на оздравени ја надмина бројката на лица позитивни на тестот на Ковид-19.
Според тоа, истиот ден се детектирани 3.122 лица позитивни на новиот тип коронавирус, а 3.246 паациенти биле отпуштени од болница.
Освен тоа, на 27 април кога се регистрирани 2.131 лице позитивни на Ковид-19, за првпат од болница се отпуштени двојно повеќе оздравени пациенти, т. е. 4.651 лице.
На 3 мај кога во Турција се регистрирани вкупно 126.045 лица позитивни на новиот тип коронавирус, бројот на оздравени изнесува 63.151.
Во последните 10 дена од заразеност со Ковид-19 оздравеле 49.062 лица, додека регистрирани се 21.614 лица позитивни на новиот тип коронавирус, со што за првпат бројот на излекувани е двојно поголем од бројот на заразени.
Бројот на оздравени лица по датуми:
| Ден | Оздравени на дневно ниво | Вкупен број на оздравени |
| 27 март | 42 | 42 |
| 28 март | 28 | 70 |
| 29 март | 35 | 105 |
| 30 март | 57 | 162 |
| 31 март | 81 | 243 |
| 1 април | 90 | 333 |
| 2 април | 82 | 415 |
| 3 април | 69 | 484 |
| 4 април | 302 | 786 |
| 5 април | 256 | 1.042 |
| 6 април | 284 | 1.326 |
| 7 април | 256 | 1.582 |
| 8 април | 264 | 1.846 |
| 9 април | 296 | 2.142 |
| 10 април | 281 | 2.423 |
| 11 април | 542 | 2.965 |
| 12 април | 481 | 3.446 |
| 13 април | 511 | 3.957 |
| 14 април | 842 | 4.799 |
| 15 април | 875 | 5.674 |
| 16 април | 1.415 | 7.089 |
| 17 април | 1.542 | 8.631 |
| 18 април | 1.822 | 10.453 |
| 19 април | 1.523 | 11.976 |
| 20 април | 1.454 | 13.430 |
| 21 април | 1.488 | 14.918 |
| 22 април | 1.559 | 16.477 |
| 23 април | 2.014 | 18.491 |
| 24 април | 3.246 | 21.737 |
| 25 април | 3.845 | 25.582 |
| 26 април | 3.558 | 29.140 |
| 27 април | 4.651 | 33.791 |
| 28 април | 5.018 | 38.809 |
| 29 април | 5.231 | 44.022 |
| 30 април | 4.846 | 48.886 |
| 1 мај | 4.922 | 53.808 |
| 2 мај | 4.451 | 58.259 |
| 3 мај | 4.892 | 63.151 |
| 4 мај | 5.015 | 68.166 |
| 5 мај | 5.119 | 73.285 |
| 6 мај | 4.917 | 78.202 |
Од лицата кои биле позитивни на тестот на Ковид-19, 1.278 се наоѓаат на интензивна нега, а 669 се врзани на респираторни апарати.
Според вкупниот број на лица позитивни на тестот на Ковид-19, во последната недела бројот на пациенти што се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, од 1,25% падна на 0,97%, додека бројот на пациенти што се врзани на респираторни апарати се намали од 0,66% на 0,5%
Доколку ги споредиме бројките на активни случаи на заразеност со Ковид-19 и оздравени лица во светот и во Турција, тогаш може да се забележи дека процентот на светско ниво е повисок.
Врз основа на тие податоци, во Турција на 6 мај бројот на активни случаи падна на 36,95%, додека бројот на оздравени се искачи на 59,36%.
Разгледувајќи го вкупниот број на заразени на светско ниво, бројот на активни случаи изнесува 58,03%, додека бројот на излекувани пациенти, 33,76%.
Заклучно со вчерашниот датум, во Турција, 0,97% од лицата позитивни на Ковид-19 се наоѓаат на интензивна нега, додека на светско ниво тој процент изнесува 1,29%.
Во светот, генерално, од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 животот го загубија 6,91% од бројот на заразени, додека во Турција таа бројка падна на вредност од 2,7%.
news_share_descriptionsubscription_contact
