Fatih Hafız Mehmet
22 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи денес соопшти дека во Турција во период од една недела биле неутрализирани најмалку 18 терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на министерството се вели дека двајца од терористите биле заробени, а 16 неутрализирани.
За време на операциите биле уништени 19 засолништа што ги користеле терористите, и биле запленети 17 рачни гранати и 34 парчиња оружје.
Вкупно 956 осомничени терористи се уапсени во истиот период.
Од уапсените осомничени, 199 се поврзани со терористичката група ПКК/КЏК, 19 со екстремно-левичарските терористички групи, 71 со ДЕАШ и 667 со терористичката организација ФЕТО.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица, меѓу кои има и жени и деца.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Повеќе од 300 лица ги загубија своите животи во нападите на ДЕАШ во Турција, каде што терористичката организација вршеше бомбашки, ракетни и вооружени напади врз цивили.