Ali Ballı
22 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
МУГЛА (АА) - Бротче со мигранти потона на отворени води кај крајбрежјето на Ѓумбет во подрачјето на Бодрум, во турската област Мугла, при што беа спасени 20 нерегуларни мигранти, од кои двајца починаа откако беа пренесени во болница, јавува Anadolu Agency (AA).
На местото на настанот се наоѓаат крајбрежната стража и полициските тимови.
Бротчето во кое се наоѓале нерегуларните мигранти, меѓу кои имало и деца и жени, целосно потона.
Тимовите на крајбрежната стража ги спасија мигрантите кои чекаа помош, и ги пренесоа во амбулантни возила што чекаа на брегот.
Во спасувањето на мигрантите помагаа и локалните жители.

- Полицаец трчаше 100 метри со детето в раце -
Турски полицаец со седумгодишно девојче на раце, кое за време на операциите за спасување беше забележано дека не дише, трчаше околу 100 метри за да го пренесе во амбулантно возило.
Полицаецот со солзи во очите ја гледаше интервенцијата врз девојчето од страна на медицинските тимови. По првата помош, девојчето беше пренесено во болница.
Животот го загубија две лица од вкупно 20 мигранти коишто биле пренесени во болница во Бодрум.
Во тек се акции за пребарување и спасување поради можноста да има повеќе исчезнати мигранти.