Hakan Mehmet Şahin
12 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
ЕДРЕНЕ (АА) - Хакан Шахин
Терористичката организација ФЕТО, на своето членство кое избегало, или планира да избега во Грција, им испрати порака со „инструкции за однесување“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, пред извесен прериод на граничниот премин Ипсала, во обид на илегален начин да ја преминат границата, фатени се Севим Д. и нејзиниот сопруг Ерол Д. По приведувањето, осомничените се изведени пред суд и извршен е увид во нивните телефони.
За време на увидот, во телефоните е откриено постоење на програмата „Бајлок“, која организацијата ФЕТО ја користи во меѓусебната комуникација.
При увидот на телефонот на Севим Д., откриени се одредени инструкции кои организацијата им ги дала на своите припадници кои избегале, или се обидуваат да избегаат во Грција.
Во една од инструкциите откриени во телефонот на едно раководно лице, од припадниците на теористичката организација кои пребегале во Грција, се бара да бидат многу внимателни.
Во испратената порака дадени се инструкциите: „Облечете се добро, имајте уредна брада, обидете се да не наликувате на бегалци. Ставете перика или гологлави движете се во Грција, многу не излегувајте надвор. По можност преминете во Атина. Аеродромот во Солун е мал.“
На крајот се бара, оние што ја прочитале пораката, веднаш да ја избришат.
- Во последните 5 месеци фатени се 150 припадници на ФЕТО
Жандармеријата и полициските екипи заедно со „Гранични орли“, како што се нарекуваат припадниците на пограничните воени единици кои се дел од командата на 54. механизирана пешадиска бригада, 24 часа се борат против илегалната миграција и преминувањето на лицата кои се поврзани со терористички организации.
Во последните 5 месеци, во обид на илегален начин да избегаат во Грција и Бугарија, фатени се 150 припадници на терористичката организација ФЕТО, 17 припадници на ПКК, 2 на ДЕАШ и 2 на МЛКП (Марксистичко-ленинистичка комунистичка партија).
Меѓу лицата фатени во обид да избегаат во Грција се наоѓаат разрешениот судија Исмаил Курд и обвинителот Зафер Килинч во случајот „Воена шпионажа“, судијата Булент Кинај, кој го водеше случајот за „местење натпревари“ во фудбалот и Фатих Мехмет Услу, еден од судиите во процесот „Ергенекон“.